ДУИ ги нема добиено писмените гаранции од СДСМ, преговорите стојат во место

од desk2

ДУИ се уште ги немаат добиено писмените гаранции што ги бараат од СДСМ, за да почнат со собирање на потписи, врз основа на кои Заев би го добил мандатот за составување на Влада, информира Телма.

Од партиите потврдија дека, нивните работни групи, кои разговарат околу сите точки, денеска не се сретнале. Преговарачите од двете партии ги преиспитуваат своите размислувања, но досега немаат усогласено став или, како што самите велат, материјал со усогласен став, кој би се разгледувал од страна на Централните претседателства. Иако од СДСМ деновиве најавуваа нешто такво, се уште ги немаат доставено писмените гаранции за барањата на ДУИ.

Едно од барањата е и двојазичност на цела територија на државата, прашање за кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното интервју за телевизија Нова рече дека, било главната пречка во нивните преговори за влада. Нагласи и дека, доколку СДСМ и ДУИ се договорат околу него, тој е подготвен да оди во опозиција.

Груевски во интервјуто повтори и дека, Мајски договор не постои, но има мајски разговори, и ако сега ДУИ го наруши принципот победник со победник, треба да се свесни дека нешто такво не смеат да бараат повторно.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини