Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го усвои предлогот на Централното претседателството за листата на кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори.

ali-ahmeti-kongres

Лидерот на партијата Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа во шестата Изборна единица (ИЕ). Во првата ИЕ носител е Артан Груби, а во втората Ејуп Халими. Во третата ИЕ носител е Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири, а во седмата Џевдет Спахиу.

Како што соопштуваат од ДУИ, Ахмети ја поздравил одлуката на советот и изразил уверување дека кандидатите ќе дадат придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Парламентот./МИА

Слични содржини