Заедно одлучуваме!„, е слоганот под кој ќе настапи Демократската унија за интеграција(ДУИ) на претстојните парламентарни изборите на 11 декември.

Преку слоганот ДУИ порачува дека ќе биде силен и сериозен претставник на Албанците, за кои, наведуваат од партијата, „после многу достигнувања, дошло време за да бидат целосно рамноправни во економскиот напрадок на земјата“.

ali ahmeti

Со ветувањата во изборната платформа ДУИ ќе излезе пред граѓаните, за, според партијата, „да го потврди уште еднаш поставениот пат кон напредок на албанското прашање и консолидација на демократијата во Македонија“.

Според лидерот на ДУИ Али Ахмети, изборите ќе поминаат во демократска атмосфера, а граѓаните ќе бидаат потполно слободни во гласањето.

– ДУИ повикува и ја поддржува работата на меѓународните наблудувачи бидејќи овие избори се најбитните во генерации и дека тие треба да се легитимни. Ние ќе соработуваме со нив и им се заблагодаруваме за нивната работа со многу значење. Во овие избори, ние сме убедени дека Албанците ќе покажат дека се клучни во унапредување на земјата, рече Ахмети.

Беким Незири, шеф на Изборниот штаб, најавува дека ДУИ ќе има позитивна кампања со презентација на реализираните и идни проекти.

Изборниот штаб на ДУИ веќе мобилизирал повеќе од 15.000 активисти во сите средини во рамки на Централниот изборен штаб и општинските штабови.

Според одлуката на Изборниот штаб, партијата ќе ја објави изборната програма на 13 месецов, а на 20-ти ќе одржи Конвенција./MИА

Слични содржини