Двајца полицајци се повредени при протест против Трамп во Индијанаполис

од Vladimir Zorba

image_5870351_126

Полицијата на градот Индијанаполис, во државата Индијана, соопшти дека уапсила три лица и двајца полицајци се повредени откако демонстрантите почнале да фрлаат камења по силите на редот, кои се обиделе да го зачуваар редот и мирот во центарот на градот во саботата доцна (по локално време), соопшти телевизијата FOX59.

Демонстранти против Доналд Трамп се собрале јужно од зградата на државниот сенат во саботата вечерта. Околу 18:30 неколку стотици лица трганале да демонстрираат по улиците во центарот на градот. Во еден момент демонстрантите ги блокирале сите раскрници што се на централна улица. Малку по 20 часа демонстрантите почнале да ја гаѓаат полицијата со шишиња и камења. Откако толпата одбила да се разотиде, полицијата користела спеј и патроли на коњи за растерување на толпата. По час и половина луѓето се преселиле низ улиците во центарот на Индијанаполис и повторно отворено се насочиле на движење и правење неред.

Слични содржини