Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА, по одржаната редовна седница, разговарајќи за актуелните политички прашања, апелира до работните групи да продолжат со политичкиот дијалог, почитувајќи ги динамиката и роковите предвидени во Договорот на Пржино.

24953golema

Тие бараат веднаш да престанат опструкциите што ѝ се прават на работата на специјалната обвинителка, а Советот на јавни обвинители да се откаже од улогата на извршител на партиски агенди и веднаш да почне да работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

– Апелираме до Владата и до државните институции дека не може да се избришат сомнежите за настаните од 9 и од 10 мај во Куманово дека тоа било монтирано сценарио. Преземањето нови полициски акции против албанското цивилно население во Куманово и во околината, не значи дека ќе ја уверите јавноста во спротивното. Движењето за реформи на ДПА нема да дозволи Албанците и понатаму да се жртвуваат, секогаш кога некој сака да избегне одговорност за политичката криза – пишува во соопштението на Движењето за реформи на ДПА.

МЕТА

Слични содржини