Една грешка ја поништи предноста на Вардар

од desk2

Вардар игра добро за крај на авантурата во Европа Лигата, но една грешка во самиот финиш на првото полувреме не му дозволи на македонскиот првак да замине со предност од 1:0, па во продолжението двете екипи ќе тргнат со резултат 1:1.

Со голот на Итало во деветтата минута, по одличната акција што ја почна Демири, а ја продолжи Николов, Вардар поведе со 1:0. И потоа имаше иницијатива и шанси да го декласира Розенборг. На двапати капитенот и голман на гостите Хансен одбрани на неверојатен начин и спречи катастрофа на норвешкиот првак, а потоа во самиот финиш, гостите казнија.

Барсегјан непотребно ја врати топката назад, Гачевски направи пенал, што Бентнер го реализираше во 45. минута.

Ова е последен меч за двете екипи во Л групата, а и Вардар и Розенборг играат само за престиж, бидејќи немаат шанси а плсман понатаму./Sport media

Слични содржини