Глава улога во инвестициската програма развиена од страна на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, треба да одиграат парите на приватните инвеститори, соопштува Интерфакс, повикувајќи се на германски медиуми.

Интерфакс: ЕК се готви да подкрепи икономиката на ЕС с частен капитал
Од почетокот на кризата обемот на инвестициите во ЕУ е намален за 470 милијарди евра, или за 15 проценти.
“Со заеднички напори ние сега треба да излеземе од оваа инвестициска јама”, рече Јункер на специјална конференција организирана од Европската централна банка.
За стимулирање на економската активност во земјите во ЕУ се планира да бидат употребени 315 милијарди евра до 2017 година, но од таа сума ЕУ и ЕЦБ ќе одобрат само 21 милијарди евра, а остатокот од средствата се претпоставува дека ќе бидат привлечени од приватни инвестиции .
“Планот се сведува на тоа, во одредени сфери да се насочи приватен капитал, кој го има на залиха”, вели претседателот на ЕК.
Како одговор на критиките на планот, Јункер вели дека ЕК би била радоснаа да располага со стотици милијарди “свежи пари”, но таа едноставно ги нема.

Слични содржини