Резултатите од изборите во неделата во Турција, претставуваат прв пораз на претседателот Реџеп Таип Ердоган, откако во 1994 година ја доби битката за градоначалник на Истанбул, пишува британскиот неделинк „Економист“ забележувајќи дека не обезбедното мнозинство на АКП партијата во Парламентот, го онезвозможува да го промени Уставот и да ги зголеми претседателските овластувања.

cache_2455424118
Според весникот, неуспехот на Партијата на правдата и развојот (АКП) да добие повеќе од 41 отсто од гласовите, го присилува актуелниот партиски лидер и премиер Ахмет Давутоглу да прави коалиција, за прв пат по 2002 година, но и го блокира планот на Ердоган, како претседател на државата, да се здобие со извршни овластувања и да воспостави претседателски систем на управување, што „Економист„ го означува како „блокирање на автокрацијата„ во земјата.
Угледниот турски аналитичар Озер Сенчар, за неделикот вели дека неуспехот на неделните избори е „знак дека ерата на Ердоган се ближи кон крајот“.
Сенчар смета дека доколку Ердоган не се здобие со извршни овластувања, а тоа значи да биде претседател-премиер, ќе остане изолиран од главните политички текови, затоа што според сегашниот турски Устав претседателот на државата е надпартиска личност и има главно церемонијална улога.
Токму неговите амбиции за претседателско управување и досегашниот растечки авторитаризам на управување на Ердоган, се оценуваат како една од причините за неуспехот на АКП.Покрај тоа, се посочува и на забавувањето на турската економија и над се, на изненадувачкиот голем успех на Народната демократска партија (ХДП) која иако прв пат се појави на едни избори, успеа не само да го помине законскиот праг од 10 отсто, туку да освои 13 отсто од турските гласови.

Оваа партија која се потпира врз автономното движење на Курдите, успеа да привлече и многу Турци, од редовите на либералите, левичарите, христијните и хомосексуалците.Изборните резултати покажуваат дека не сите Курди гласале за ХДП, но таа успеа да помогне во Парламентот да влезат, како никогаш досега, многу жени пратенички, потоа за прв пат во историјата Роми, припадници на Језидите и тројца Ерменци.

За турските аналитичари, успехот на ХДП е победа на секуларистите, над исламистите, кои изминатата деценија ги предводеше Ердоган, уште од неговиот прв премиерски мандат пред 13 години.
Колидерот на ХДП, Селахатин Демирташ за кого британскиот неделник вели дека е нова „политичка ѕвезда„ во Турција, изборите ги означува како одлука на народот да се стави „крај на дебатата, околу давањето извршна власт на претседателот и диктаторството“.

Она што сега останува за Ердоган е да најде решение за себе и за АКП партијата која ја има формирано.Како шеф на државата, во наредните 45 денови тој ќе помага да се формира коалициона влада, но доколку не успее да обезбеди коалиција, што ќе може да ги задоволи неговите сегашни амбиции, поранешниот моќен премиер-исламист ќе мора да прифати да остане сосема надвор од политиката-констатира „Економист“./МИА

Слични содржини