ЕП ракомет 2018: Данците сепак посилни од Словенците

од Vladimir Zorba

  Ракометарите на Данска ја забележаа првата победа во новоформираната група 2, на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска. 

Олимпискиот шампион Данска ја совлада Словенија со 31-28 полувреме 16-14.
Натпреварот беше израмнет се до завршните десет минути кога Данците не успеаја да ја искористат бројната предност на терен и поведоа со три гола разлика (22-25).
Иако избраниците на Веселин Вујовиќ се доближија на гол минус (25-26), сепак со неколкуте одбрани на Никлас Ландин, повторно Данска направи серија од 4-1, која до крајот за Словенците беше недостижна.
Ласе Сван Хансен со 11 гола ја предводеше Данска, додека кај Словенија најефикасен беше Миха Зарабец со 6 гола.
Со двата освоени бода, Данска сега има вкупно 4, како и Германија која претходно беше подобра од Чешка. Веднаш зад нив со 3 бода, е секцијата на Македонија која в недела ќе игра против Шпанија која има 2, додека Чешка и Словенија остануваат на 2 односно еден бод.
Денеска на шампионатот ќе се играат натпреварите од првата група во Загреб, а во нив ќе се сретнат, Шведска  –  Франција од 18:15 часот и Хрватска – Норвешка од 20:30 часот.

Слични содржини