Рускиот претседател Владимир Путин имал телефонски разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Тоа го јави агенција Ројтерс, повикувајќи се на официјален турски извор.

Разговорот бил на иницијатива на турската страна во светлината на атентатот против рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов .Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров итно  ќе ја посети Турција, како причина за тоа е убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов . Карлов  р убиен вечерва за време на отворањето на изложба во Анкара. Убиецот е идентификуван како поранешен полицаец, отпуштен од системот по превратот во Турција.

Лавров ќе отпатува за Турција веднаш, додека рускиот претседател Владимир Путин разбрал за нападот додека бил на средба со бизнисмени. Руската држава го опиша нападот како терористички акт и вети дека ќе ги открие виновниците.