Германското интернет издание „Wallstreet-online“ пренесува анализа на српскиот дневен весник „Данас“ според која Европската унија сака да ги затвори своите граници за сите бегалци вклиучително и за оние од Сирија, Ирак и Авганистан.

migranti
Според анализата на весникот кој се повикува на извори во Европската Комисија блокадата на надворешните граници на ЕУ ќе се одвива постепено. Најпрвин надворешните граници на ЕУ треба да бидат затворени за бегалци од Ирак а подоцна и за бегалците од Сирија и Авганистан. Предходно влезот на ткн „Балканска рута“ беше забранет за економските мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка.

Изворите на весникот тврдат дека на границите меѓу Словенија и Хрватска и меѓу Србија и Македонија веќе се прават подготовки за ова сценарио според кое пред некој да биде пропуштен кон ЕУ треба да биде проверен дали ги исполнува усповите за добивањее статус на бегалец.

Бегалците ќе треба да поминат испитување во врска со тоа дали живееле во воена зона, дали имаат членови на семејството во ЕУ, дали го говорат дијалектот од местото на живеење и дали имаат соодветни оргинални документи.

Според извештајот Македонија и Србија се подготвени да прифатат бегалци само во случај тие да се заглавени на патот до ЕУ но никако и да бидат крајна дестинација за мигрантите.

За овие две земји не важи договорот за квоти за кои сега расправа ЕУ затоа што со прифаќае на квоти секоја земја долгорочно ќе треба да прифати одреден број бегалци. Србија веќе се согласила да прифати максимум 6,000 бегалци кои што само привремено можат да се задржат на нејзина територија додека не заминат во некоја членка на ЕУ, се вели во извештајот кој го цитираат германските медиуми./МИА

Слични содржини