Илјадници приврзаници на Демократската партија на САД од вчера се во Филаделфија за националниот конгрес на партијата, кој официјално ќе ја подигне кандидатурата на Хилари Клинтон за претседател.4963635

Предвидено е огромно шоу во Америка каде поддршката ќе ја дадат големи имиња и од шоубизнисот, чија помош е од огромно значење за Хилари. “Очајни домаќинки” Ева Лонгорија, која ја поддржаа демократите и на претходните претседателски избори, остро ја критикуваше противникот на Клинтон Доналд Трамп, повикувајќи се на семејната историја.

“Ако ја познавате добро историјата, тогаш знаете дека Тексас беше дел од Мексико … Ние никогаш не сме ја минале границата, туку границата мина низ нас. Денес, кога Доналд Трамп нè дефинира како криминалци и натрапници на законот, тој ги навредува американските семејства. Татко ми не е криминалец и прекршител на законот. Тој е американски ветеран. Кога Трамп се потсмева со новинарите инвалиди, тој се потсмева со сестра ми Лиза и многу други како неа. Кога вели дека една вработена сопруга е нешто опасно, тој не ме навредува само мене, но ја навредува и мајка ми, која три децении работи како специјализирана учителка, а одгледа четири деца и во исто време беше жена “, рече актерката. Ева Лонгорија не е единствената која дава поддршка за демократскиот кандидат.

На сцената во поддршка на Хилари излезе и американската пејачка и актерка Деми Левато, а на Инстаграм Лејди Гага, Америка Ферер и Лена Данхам се обединија околу хаштагот #ImWithHer (Јас сум со неа). Силна поддршка Хилари доби и од актуелната прва дама Мишел Обама. “Постои само еден човек, на кој јас би му ја доверила оваа позиција. Само еден човек, кој според мене ги има потребните квалитети за да стане следниот претседател на САД. Овој човек е Хилари Клинтон “, изјави Мишел Обама.

Слични содржини