policija-noke-520x358

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Л. (41) и А.Н. (33), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавените на 08.11.2015 година во ресторанот „Ранч“ заради плаќање на угостителски услуги пуштиле во оптек четири фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (42) од с. Матејче, службено лице во АД „Македонски пошти“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од 12.03.2015 до 28.01.2016 година, во повеќе наврати од главната благајна противправно присвојувал парични средства кои потоа ги покривал со неисплатување на пензии и социјална помош на крајните корисници, со што се стекнал со 242.061 денари.

Фатен крадец кој украл фотографии и икони од црква и ги фрлил во р. Пчиња

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т. (60) од Куманово, управител на ДПТУ „Обла Трејд“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „самовластие“. Пријавениот, кој е содружник во правниот субјект ДПТУ „Пет рециклинг“ ДООЕЛ, со намера да се стекне со противправна имотна корист во периодот од јуни до септември 2015 година во повеќе наврати, без претходна согласност на управителот на правниот субјект, присвоил еден дел од опремата со што го оштетил истиот за износ од 928.575 денари.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.К. (37) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и Д.Г. (47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со измама при добивање на кредит. На 11.12.2014 година А.К. поднел барање за потрошувачки кредит до АД „Стопанска Банка“-Скопје во кое навел невистинити податоци дека истиот наводно е вработен во правен субјект во Неготино и на местото на телефонскиот број го оставил бројот на Д.Г., кој во негово име го пополнил барањето за потрошувачки кредит во кое гарантирал дека е управител на правниот субјект се со цел вака изготвените документи да бидат третирани како вистинити за одобрување на кредитот.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против В.К. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.09.2015 година во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што се пронајдени и одземени 4,50 грама амфетамин.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.А. (35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.11.2015 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот при што е пронајдена 1,57 грама наркотична дрога марихуана.

НК Кочани поднесе кривична пријава против А.И.(35) и С.Д.(58) од Кочани поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавените во својство на службени лица, шумски полицајци, ја злоупотребиле службената положба и овластување со непреземање на должни дејствија. На 08.12.2015 година на м.в. „Крушки“ атар на с.Пресека, кочанско, откако извршиле контрола на натоварени огревни дрва на тракторите и приколките на две лица од Кочани и констатирале дека и на двете возила има натоварено по 0,40 м3 дабово огревно дрво повеке отколку што е наведено во испратниците за превоз и кое не е жигосано, го одзеле само вишокот нежигосани дрва, додека средствата со кои е извршен превозот тракторите и приколките ,како и останатите количини огревни дрва , привремено не ги одзеле . Со пропуштање на должните дејствија, пријавените им овозможиле на Т.Ј. и Љ.Ј. да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 499.632 денари.

Слични содржини