Филмот “Black Panther” во првата седмица на прикажување урива рекорди

од desk2

“Black Panther” влезе во историјата како филм на Марвел со најголема заработка во првата недела на прикажување низ САД.

Филмот само во американските кина во првата недела заработил 292 милиони долари, што е за 22 милиони повеќе од “Avengers” во 2012 година.

Премиерата на филмот допрва се очекува во Кина, иако до сега во кината ширум светот заработи импозантна сума од 228 милиони долари, што значи дека вкупната заработка е 520 милиони.

Тоа значи дека “Black Panther” може да стане најисплатлива филмска адаптација на еден стрип.

Таа титула во моментот ја држи “Avengers”.

Слични содржини