Филмска потера од Битола до Прилеп, брканите на крајот избегале

од desk2

Потера како во криминалистички филмови се случувала вчера рано утрото од Битола до Прилеп, каде автомобилот конечно застанал, но луѓето во него, сепак, ѝ избегале на полицијата.

Како што извести СВР Битола, сè почнало вчера околу 4.50 часот, на улицата 8 Септември во Битола, кога полицајци дале знак за сопирање на автомобил „даеву есперо“, но возачот забрзал и автомобилот се упатил кон магистралниот пат Битола – Прилеп. Битолските полицајци им јавиле на колегите во Прилеп да подготват блокада и тие го блокирале патот со службени автомобили кај раскрсницата за селото Ново Лагово. Но, автомобилот со бегалците ја пробил блокадата од возила, влегол во Прилеп, ја поминал пругата и застанал во нива.

Тројцата мажи што биле во автомобилот излегле и почнале да бегаат, при што еден полицаец фатил еден од нив, но бил нападнат од друг од бегалците, кој со остар предмет му нанел повреди на рацете. Покрај тоа, почнал и да го дави.

Фатениот тогаш избегал, а полицаецот го зграпчил напаѓачот, но и тој успеал да избега.

Полицијата вели дека трага по бегалците.

Слични содржини