Четворица инспектори на финансиската полиција денеска влегле во Општина Струмица и почнале со проверки на документацијата за јавни набавки на Општината. Од Општината засега не прецизираат за кои јавни набавки се интересирале инспекторите.

Opstina-Strumica-860x680

Во писмена рекација оттаму велат дека од страна на Општината и на нејзините служби, обезбедени и дадени на увид биле сите неопходни документи.

„Не е првпат Општина Струмица да биде под инспекциски надзор од разни државни инспекциски служби. Тоа е дел од секојдневието во Општина Струмица, па така е и овојпат. Сите досегашни инспекциски контроли во Општина Струмица во изминатите години го покажаа законското работење на Општината и на градоначалникот, со што беше потврден епитетот на најтранспарентна општина во Република Македонија“, стои во реакцијата од Општина Струмица.

Оттаму не потврдуваат дали денешната посета на инспекторите од финансиската полиција е поврзана со тендерите за превоз на ученици за кои пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, изминатите десетина дена оддржа повеќе прес-конференеции на кои обвини дека Општината плаќала неколкукратно повисоки суми за превозот на ученици./извор Мета

Слични содржини