425
Поранешната олимписка шампионка на Холандија по пливање Инге де Бројн се појави сосем гола во телевизиска емисија. 43- годишната пливачка се шеташе без облека во холандското реално шоу “Адам ја бара Ева”. Сексапилната Инге, која освои четири златни медали и постави три светски рекорди во текот на својата кариера, ќе учествува во специјалната ВИП верзија на шоуто, која се одржува во текот на шест сезони.
Епизодата во кој Инге де Бројн ќе се појави целосно гола, ќе се емитува на холандскиот канал RTL5 во четврток оваа недела, пишува Пик.