Cjj_Rl2UkAAleN4

Демонстрантите денеска со два чатали го гаѓаат Собранието на Република Македонија со топки со боја.

13289036_10208063423716154_163281789_n

Денешните протести кои започнаа пред Специјалното јавно обвинителство се во знак на пораката; „Шарена револуција наместо шарена аболиција“. Втор ден демонстрантите се противат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за делумно повлекување на аболицијата за 22 лица.

13329638_10208063342994136_1577382802_n

Претходно граѓаните напишаа „Информативен разговор“ со стрелка кон „Беко“ на крстосницата во близина на Полициската станица. Граѓаните и вечерва маршираат со цел да го искажат својот револт и да потенцираат дека ќе проолжат да демонстрираат се додека не се повлечат сите аболиции и претседателот не поднесе оставка.

timthumb (5)
Протестите на „Шарената револуција“ вечерва има забавен наслов „Информативен разговор“ пред полициската станица „Беко“.
Целта на забавата „Информативен разговор“ пред „Беко“ е министерот за внатрешни работи Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го интересира.
– Одиме за да се насмевнеме малку и да ги опуштиме и полицијаците. Да им кажеме и покажаме дека, иако тие носат значки и мораат да ги слушаат наредбите на Чавков, ние сме еден ентитет – се вели на „Фејсбук“ страницата „Информативен разговор“/. фото а1он

Слични содржини