(ФОТО) Во луксузниот стан во кој ја нападнаа Ким Кардашијан

од Vladimir Zorba

Ѕирнете во луксузниот стан, фаворизиран од ѕвездите, каде се случи нападот пред некоја ноќ на риалити ѕвездата Ким Кардашијан.4466c0b4dcaeadc4f72a785c0df8508b

Апартманот се наоѓа во таен хотел во Париз (l’Hotel de Pourtales), кој е познат само меѓу личности и политичари кои ги шират информациите за него од уста на уста.

Во ова живеалиште  престојувале Леонардо ди Каприо, Мадона, Принс, Златан Ибрахимовиќ и др.,. а како што можете да видите од сликата подолу, влезот му е супер дискретен и по ништо не се гледа дека во зградата живее ѕвезда од светски калибар.

Киријата на станот е околу 30 илјади долари неделно.

Пред некоја ноќ 35-годишната Ким беше нападната во 2.30 часот од пет маскирани и вооружени лица, кои ја врзале во бањата и ѝ го зеле накитот вреден неколку милиони долари.

Фото: dailymail.co.uk

Луксузниот стан има пет главни простории, како и сите се опремени со супермодерен и стилски мебел.

Фото: Reuters

Фото: dailymail.co.uk

Фото: Instagram

Според жолтите медиуми мажите ѝ ја имаат украдено кутијата за накит на Ким, која е во вредност од 6,7 милиони американски долари, од кои само 15-каратниот нејзин веренички прстен (на сликата погоре) е со вредност од 4,5 милиони.

Најверојатно апашите го украле и накитот што го гледате на сликата подолу и кој е од новата колекција на мажот ѝ Кание Вест во соработка со златарот Џејкоб Арабија.

Фото: Snapchat

Внатрешен извор вели дека вкупната вредност на грабежот би можела да надмине 16 милиони долари, бидејќи освен накитот Ким се прости со два супер смарт телефона кои содржат големо количество лични информации.

Мајката на две деца беше во француската престолнина поради Париската модна недела.Според нејзини блиски таа е “силно потресена, но физички неповредена”, а веднаш по грабежот ја напуштила Франција со приватен авион.

Слични содржини