Француска компанија ќе обезбедува софтвер за Боинг

од Vladimir Zorba

Американскиот авиоконструктор “Боинг” склучи договор вреден една милијарда долари со француската софтверска компанија “Дасо Системс” за модернизација на својот производствен систем, пишува весникот “Фигаро”. Според изданието, сопствниците на компанијата “Дасо”, “Боинг” потпишале рамковен договор за 30 години и во вредност од 1 милијарда. Долари. Договорот е за користење на софтверот 3DEXPERIENCE при развој на нови производи, за модернизација на системот за производство и обезбедување на нови услуги.

Овој софтвер им овозможува да се обединат во еден интерфејс сите фази на производство – од развојот на проекти до работата со подизведувачи.

“Боинг” ќе раководи од крај до крај со сите нивоа на работата на под-изведувачите – од најголемите до најмалите партнери, пишува генералниот директор на “Дасо Системс” Бернар Шарл. Овој договор, плод на двегодишни преговори, е најголемиот кој “Дасо Системс” некогаш го потпишал. Со него компанијата станува стратешки софтверски партнер на “Боинг” за цивилната авијација, како и за одбрана на воздушниот простор, прецизира тој.

Слични содржини