Француските власти со нова трага! Бараат 19-годишно девојче поради обидот за атентат крај “Нотр дам”

од Vladimir Zorba

Уште вчера на автопат во случајот беа уапсени маж и жена

notrsadm
Француската полиција трага по млада жена, откако автомобил во кој имало 7 плински боци, беше најден во саботата навечер крај познатата париска катедрала “Нотр дам”, соопшти Ројтерс, цитирајќи полициски и правосудни извори. Уште во вторникот на автопат во јужна Франција за случајот  се уапсени маж и жена, односно на 34 и 29 година Тие остануваат во притвор.Сопственикот на автомобилот исто така е уапсен, но подоцна беше ослободен, бидејќи сам отишол во полицијата во неделата, за да соопшти дека неговата ќерка исчезнала со колата. Токму таа е 19-годишното девојче кое се бара. Полицијата знаела дека таа има намера да замине за Сирија, соопштија извори. Автомобилот – “Пежо 607”, била без регистарски таблички и со вклучени трепкачки сигнални светла, како да привлече внимание. 7 плински  боци, една од нив  била празна, биле на предното седиште. Во автомобилот биле откриени и документи на арапски. Министерот за внатрешни работи Бернар Казнов рече дека очекува од истражителите извештај за можните мотиви поврзани со инцидентот крај “Нотр дам” – една од најпопуларните туристички атракции во центарот на Париз. Кола во близина на париската катедрала “Нотр дам” беше откриена  во саботата вечерта, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на полицијата во француската престолнина. Сопственикот на возилото е во разузнавачка листа на осомничените во религиозна радикализација.  Во автомобилот немало детонатор, но биле откриени документи со натписи на арапски. Според податоците на француската телевизија Бе Еф Ем возилото може да се користело и  за подготовка на атентат.  Сигналот за автомобилот бил поднесен од вработен во бар, кој го забележал возилото и плинските боци. Истрагата се води од специјализираната обвинителство за борба против тероризмот.

Слични содржини