Трифун и неговата ФРОДЕМ се запрепасетни иб араат оставка од министерот  за здравство Тодоров  е пораката во  соопштението  по последните смртни случаи во гевгелиската болница и во Клиничкиот центар

24955mala

Запрепастени сме од рамнодушноста на Министерот за Здравство по однос на последните трагични случувања во нашите медицински установи. Министерот кој речиси секој ден е во медиумите да соопшти дека во некоја од медицинските установи се офарбале вратите, се набавиле „нови“ апарати за анестезија, компјутери, еден куп непотребни биохемиски анализатори, соочен со колапсот во здравството, одлучи да се сокрие и да молчи. Таква е праксата на власта, секојпат кога системот колабира. Чекаат моментниот бес и мака да спласнат, за подоцна да си продолжат по старо, и за жал, повторно со загуба на човечки животи.

Загрижени од последните случувања во здравството во нашата татковина, јавно го повикуваме Министерот за здравство да даде изјава по однос на истите, да даде отчет за целокупната катастрофална состојба на здравствениот систем и најважно од сè, да си поднесе неотповиклива оставка.

Од почетокот на осамостојувањето на нашава држава, јасно беше дека во нашиот здравствен систем се неопходни реформи, како истиот би можел да даде соодветни и квалитетни услуги на граѓаните во согласност со светските стандарди и тенденции, да се достигне нивото на едуцираност на докторскиот кадар,  а при тоа да не се изгуби социјалниот и солидарниот карактер. Под разни изговори, знаејќи дека тоа е макотрпен и непопуларен процес кој не носи поени кај гласачите, сите досегашни влади ги избегнуваа овие реформи.

Но,  актуелната влада направи апсолутен преседан, поставувајќи за прв пат Министер за Здравство кој не е од здравствената фела, човек задолжен да глуми спроведување на „реформи“ во нашиот здравствен сектор.

Никола Тодоров, како комплетен лаик во здравството, игнорирајќи ги тогашните и сегашни укажувања на дел од врвниот високоспецијализиран медицински кадар, служејќи се со закани, омаловажувања и отказни решенија, ги форсираше популистичките и нефункционални реформи, од донации на апаратури, од кои половината не се во функција,  уништување на нашиот единствен Клинички цантар (познат и признат во бивша СФРЈ), уништување на Медицинските центри во државата,  до одлевање на кадар од јавниот во приватниот сектор и дисперзирање на студиите без создавање соодветен наставен кадар. Таквата неодговорност за краток период доведе до комплетен колапс на нашето јавно здравство, кое се сруши како кула од карти, изнесувајќи ги на виделина последиците од нефункционалните реформи, кои зваршуваат со трагични смртни случаи.

Поради севкупната катастрофална состојба на нашиот здравствен систем, ФРОДЕМ покрај барањето за итна оставка на Министерот за здравство, се залага за формирање на здравствен совет, од познати и признати стручни медицински лица, со цел да се овозможат вистински реформи во здравството. Под тоа подразбираме пред сè,  усогласување на буџетот, реформирање на Фондот за здравство, на хоризонталната и вертикалната поврзаност на медицинските установи, поврзување на приватниот и јавниот здравствен сектор, зголемување на ингеренциите на здравствените комори во доменот на проверка и контрола на стручноста на медицинскиот кадар, обнова на Клиничкиот центар и единствен Медицински факултет, ревитализација на системот на примарно, секундарно и терциерно здравство.

Во насока на таа цел, здравствената комисија на ФРОДЕМ ќе организира отворени трибини и дебати за промовирање на вистинските реформи во здравствениот систем на државата. Наша цел е да се врати човекот во центарот на вниманието, преку вистинска грижа за неговото здравје, а на тој начин да се врати и сјајот и достоинството на белите мантили.

Не смее повеќе да се дозволи губење на човечки животи поради нефункционалност и неорганизираност или заради досегашните лоши и фиктивни реформи.

Не смее повеќе да се дозволи популистички да се извртува и претставува како успешна лошата политика на оваа влада кон здравствениот систем на државата.

Мора да воспоставиме ново – стар систем на вредности во здравството. Во новото ќе го прилагодиме нашиот здравствен систем кон потребите на граѓаните, ќе го издигнеме на светско рамниште, без непотребни издатоци и вложувања, а во старото ќе го вратиме високостручниот кадар да биде достапен за потребите на сите пациенти.

 

Слични содржини