(ГАЛЕРИЈА) Ким Кардашијан и Канје Вест се појавија во јавност

од desk2

Ким Кардашијан и нејзиното семејство се појавија на излезот од зградата на нејзиното живеалиште во Њујорк, 3 дена по вооружениот грабеж во Париз. 35-годишната риалити ѕвезда излезе со качулка на главата и се упати кон возилото што ја чекаше, заедно со нејзиниот сопруг Канје Вест и нивните 2 деца(3-годишната Норт и 10-месечниот Сент).392b659f00000578-3825573-image-a-30_1475770947191

Опкружена со телохранители, потресената Ким ја носеше нејзината ќерка во рацете, која цврсте се држеше за мајка си додека солзи и се слеваа по лицето. Веднаш позади неговата сопруга, видно загрижениот, Канје го држеше нивниот син, кој изгледаше збунет од медиумската бура околу неговите родители.392b649100000578-3825573-image-a-63_1475771931895

Ким не им обрна внимание на случајните минувачи како што, очигледно, продолжува да се опоравува од трауматичниот инцидент392b659200000578-3825573-image-m-42_1475771362872

Во меѓувреме нејзиниот телохранител, Паскал Дувие беше забележан како пристигнува пред нејзиниот стан во Њујорк. Дувие, кој вети дека ќе ги пронајде напаѓачите, се соочи со критики дека не и обезбедил заштита на ѕвездата во нејзиниот апартман во Париз, додека тој бил излезен со нејзините сестри за време на нападот.392abc9500000578-0-image-a-51_1475768924129

Наводно Ким не го обвинува Паскал и смета дека таа самата е виновна за несреќниот случај затоа што се фалела со нејзиното богатство на социјалните мрежи.

Слични содржини