(ГАЛЕРИЈА) Принцезата Шарлот ги кажа првите зборови на канадска забава во градина

од Vladimir Zorba

“Pop!” ( “ПУК”) – ова беа првите зборови на британската принцеза Шарлот за време на забавата во градина во Канада, пишува Daily Mail.84c35717572a345405d89fc067155b94

Кралското семејство беше на детска забава во друштво на воените семејства во Викторија, Британска Колумбија. Вкупно децата биле 24.

И додека сите го имале вперено погледот во вештините на младиот принц, неговата сестра го привлекла вниманието кон себе со проговорување на првите зборови пред општеството.

Персоналот бил подготвен совршено за да биде забавата незаборавна, раскажува весникот.

Може да се каже дека градината била претворена во минијатурна зоолошката со коњчиња, кучиња и зајаци. И покрај сите животинки, најголемо внимание предизвикале украсите со балони. Токму таму малата Шарлот го кажала и првиот збор, упатен кон батко ѝ.

Покрај тоа, на настанот имало и доста кловнови кои направиле и куклена претстава.

3-годишниот принц Џорџ во почетокот бил колеблив, но наскоро му се допаднало местото и зграпчил пиштолче за правење балони од сапуница и заедно со своите родители, војводи на Кембриџ, Вилијам и Кетрин, и сестра, уживал во посетата.

Кралското семејство ќе лета кон Британија во недела.

Погледнете како поминала забавата во галеријата.

Слични содржини