Откако генералот Стојанче Ангелов најави кривична пријава против уредникот на МРТВ Горан Петрески доколку не го прими на разговор, двете страни постигнале договор да остварат средба денеска во 14 часот-информира НОВА

de1-2

Главниот и одговорен уредник на информативната програма на јавниот сервис, Горан Петрески,  вели дека нема причина причина да не го прими Ангелов , но смета дека тој тропа на погрешна врата.

-Мислам дека генералот испраќа пораки на погрешна адреса. Јас сум само уредник на информативната програма и ние како телевизија имаме обврска да ги почитуваме препораките на Обвинителството да не се објавуваат снимките на опозицијата. Телевизијата си има раководство, но јас иако официјално барање за средба со Ангелов не добив, сепак се слушнавме денеска и ќе го примам, но сметам дека тропа на погрешна врата, вели Петрески

Ангелов неколку дена по ред бара средба со уредниците на МТВ за да им ги предаде аудио снимките од прислушуваните разговори што ги објавува СДСМ. Според Ангелов, обврска е на јавниот сервис да објавува информации кои се однесуваат на нечесното работење на која било власт.

Генералот Ангелов вели дека најавената кривична пријава против уредникот за неизвршување на законските обврски, засега ќе ја одложи и ќе зависи од исходот на денешните разговори.

Слични содржини