На барателите на азил во Германија им е екстремно тешко да најдат работа. Притоа, дел од нив се со високи квалификации и тоа во професии кои „плачат“ за стручњаци. Сега се предлага ним да им се даде „сина карта“- пишува DW

0,,16352371_303,00

Германската Агенција за работа предлага за висококвалификуваните бегалци да се најдат нови патишта по кои тие ќе стигнат на пазарот на работна сила во земјата. Според Агенцијата, барателите на азил би требало да добиваат „сина карта“, каква што добиваат стручњаците кои доаѓаат до земји кои не се членки на ЕУ. Владејачките партии од Унијата (ЦДУ и ЦСУ) се отворени за ваквиот предлог.
Луѓето од земји кои не се членки на Унијата, а кои имаат високо образование, од август 2012 година можат да побараат „сина карта“ во Германија и со семејството да се преселат во земјата. Предуслов за тоа е меѓутоа да имаат претходно добиено цврст договор за работа во Германија, да имаат висока квалификација и да им се гарантира минимална плата. Таа во Германија во моментов изнесува 48.800 евра бруто.
Сега Агенцијата за работа бара ист ваков систем да се воведе и за квалификуваните бегалци.

Повеќе ТУКА

Слични содржини