Германија ќе помага на Косово во однос на фудбалот

од desk3

Германскиот фудбалски сојуз се согласи да му помогне на Косово во однос на организацијата. Фудбалските централи на двете страни потпишаа меморандум за соработка денеска.

638-397-shampionska-liga

Германија ќе помага на фудбалската федерација на Косово во однос на администрацијата, тренерите, судиите, како и во работата со младите фудбалери.

Косово стана член на УЕФА и ФИФА во мај, а од есен оваа година учествува и во квалификациите за СП 2018. Во својот прв официјален дуел косовскиот тим изедначи 1: 1 против Финска.

Србија поднесе жалба против приемот на Косово за член на УЕФА. Белград одбива да ја признае независноста на оваа балканска земја, прогласена во 2008 година.

Слични содржини