Гeрманско МНР: Изборот на претседател на Собранието мора да бидат почитувани од политичките противници

од Vladimir Zorba

На вчерашните настани во македонскиот Парламент реагираше и германското Министерство за надворешни работи.

„Талат Џафери е избран претседател на парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме Владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата“, велат од германското МНР.

„Лидерите во Скопје треба своите европски обврски да ги претворат во дела, да ги прифатат резултатите од изборите и истите да ги имплементираат“, се вели понатаму во реакцијата на прес- службата на Министерството за надворешни работи на Германија./24вести

Слични содржини