Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Монте Карло откако во денешното полуфинале успеа да го победи Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Ѓоковиќ со овој триумф најави дека почнува да се снаоѓа и на теренот каде до сега доминираше неговиот голем ривал Надал, кој вообичаено е најсилен на земјена подлога. Надал досега осум пати го крена победничкиот трофеј во Монте Карло.

Денешното полуфинале почна одлично за Шпанецот, кој веќе во првиот гејм направи брејк и набрзина поведе со 0-2. Сепак, тоа беше се што Надал успеа да стори на овој меч, Ѓоковиќ експресно израмни на 2-2, а потоа и го доби првиот сет со 6-3. Во вториот сет се играше израмнето се до 3-3, кога Новак направи два брејка во низа и стигна до заслужена победа на овој меч.

Негов противник во утрешното финале ќе биде Томаш Бердих, кој во првата полуфинална пресметка на денешната програма го совлада Монфилс со 6-1, 6-4.

Слични содржини