Горан Бреговиќ ја кани публиката на концертот на Bijelo Dugme во Охрид!

од Vladimir Zorba
Горан Бреговиќ испрати покана до сите фанови на BIJELO DUGME, по повод претстојниот голем open air концерт кој ќе се одржи на 04-ти август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на најголемиот балкански бренд и бенд, Bijelo Dugme во Охрид, нека побрзаат! Повеќе од веројатно е дека и овој концерт во Охрид, како и трите арени во Белград и арената „Борис Трајковски“  во Скопје, ќе биде распродаден!
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн, на www.kupikartizase.com, како и на повеќе од 20 продажни места во Охрид и Струга.

Слични содржини