Грција од денеска се враќа на меѓународниот пазар на обврзници

од Vladimir Zorba

– Грција денеска ќе ја реализира долгоочекуваната емисија на обврзници, соопшти грчкото Министерство за финансии, што ќе биде прво издавање на грчки хартии од вредност од 2014 година.

Министерството објави „емисија на нови хартии од вредност деноминирани во евра со фиксна каматна стапка и рок на достасување во 2022 година“.

– Утврдување на цената на новите записи се очекува на 25 јули 2017 година, во зависност од пазарните услови, а конечната одлука би требало да се донесе на 1 август, стои во соопштението на Министерството.

Владата во Атина ангажирала шест банки да управуваат со нејзиното враќање на меѓународниот пазар на обврзници, меѓу кои се „Голдман Сакс“, „Сити“, „Дојче банка“, ХСБЦ, „БНП Париба“ и „Банката на Америка Мерил Линч“, пишува „Фајненшл тајмс“.

Грција загуби пристап до пазарот на обврзници поради високите каматни стапки во 2010 година и само за кратко време се врати на пазарот со издавање на обврзници во 2014 година, за веќе следната година да побара трет последователен пакети меѓународна финансиска помош. 

Слични содржини