Премиерот Никола Груевски, денеска во Дубаи оствари средба со премиерот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој во исто време е и владетел на емиратот Дубаи.

gruevski-vo-dubai

На средбата, била истакната заложбата на двете страни за унапредување на севкупните односи во сите сфери од заемен интерес.

Двете страни истакнале дека помеѓу двете земји нема отворени прашања и ја констатирале потребата за интензивирање на политичкиот дијалог преку средби на високо ниво, што би придонело и за интензивирање на соработката на економски, културен и на образовен план.

Соговорниците особено ја истакнале потребата и интересот за унапредување на економската соработка.

Груевски го поканил шеикот Ал Мактум да ја посети Република Македонија, со што би се продолжил дијалогот на високо ниво и би се конкретизирале можностите за потенцијална економска соработка.

Шеикот Ал Мактум дал позитивна оцена за економските политики на нашата земја и изразил интерес во следниот период да ја разгледа можноста за посета на нашата земја.

Во рамки на средбата беше потпишан и договорот за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и ОАЕ, кој ја дава основата и ги зголемува капацитетите за продлабочување на економската соработка.

Премиерот Груевски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати ќе оствари средби со политички и со економски претставници и субјекти од земјата-домаќин. Покрај посетата на емиратот Дубаи, премиерот Груевски ќе го посети и емиратот Абу Даби.

 

МЕТА

Слични содржини