Груевски во 16 часот на прес-конференција ќе одговара за обвинувањата !

од Vladimir Zorba

  По барањето притвор и обвиненијата против Никола Груевски тој за некоја минута најави јавна реплика на барањата на СЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски  за  16 часот најави дека  ќе одржи прес-конференција во седиштето на партијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прес-конференцијата на првиот човек на ДПМНЕ следува по прес-конференцијата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева каде што соопшти дека СЈО ќе поднесе 17 обвиненија за 18 предмети за 94 физички лица и 7 правни лица, за што мерките на претпалзивост се притвор и забрана на науштање на земјата.

Според збирниот извештај на СЈО, се бара притвор за Груевски, за поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, за поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, како и за поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Освен за нив, во поднесените обвиненија СЈО бара притвор и за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, како и за уредникот на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.

Покрај притворите, СЈО бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на уште 47 лица.

Во живо: Прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Публикувахте от Nikola Gruevski в Четвъртък, 29 юни 2017 г.

Слични содржини