Груевски: Во недела е важно да излезете што порано на гласање

од Vladimir Zorba

Македонските граѓаните во недела ја имаат шансата со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ да ја задржат унитарна, суверена, независна и напредна Македонија. Во оваа држава одлучуваат граѓаните кои ја добиваат таа шанса на изборите и важно е во недела да излезат што порано и да ја заврши својата обврска, својот долг кон државата и кон идните поколенија.

Ваква порака упати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носители на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски на предизборен митинг во скопската општина Бутел.

– Одлуката е јасна и затоа е многу важно во недела, сите да разберат дека тогаш е нивната шанса. Шансата на Македонија и убеден сум дека македонскиот граѓани ќе ја искориси шансата во недела да ја задржат унитарна, суверена и независна и напредна Македонија. Напредна која се движи во правец на ЕУ и НАТО. Македонија која едкономски ќе продолжи да се развива, рече Груевски.

Според него, овој народ ќе поддржи опција која е со него и во добро и во тешки времиња, што дава ветување и го исполнува тоа ветување, што е секогаш тука и стои и држи до дадениот збор. – Опција, истакна, која што во послдните години отвори 160.000 нови работни места

Тој потенцира дека со ВМРО- ДПМНЕ народот е на чисто, дека има јасна програма и јасен план кој може само да се зголемува.

– Многу работи се направија во Македонија. Се донесоа странски инвестиции, порасна извозот, растеа платите, минималната плата се воведе па почна да расте, се намали невработеноста. Во скопско се присутни над 45 странски компании. Се работи со полн капацитет на носење странски инвеститори. Овозможивме легализација, откуп на земјиште и дворните места, зголемена социјалната помош, изградени училишта, намалена квота за партиципација на студентите, преведени стручни и научни книги, многу други работи, но многу и следуваат во наредните четири години, рече Груевски.

Слични содржини