Грујовски и Бошкоски од солунскиот суд барале да не бидат екстрадирани бидејќи стравувале за својот живот?!

од desk4

Поранешните началници во УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои по синоќешното апсење попладнето дадоа исказ пред истражен судија во Солун, побарале да не бидат екстрадирани во Македонија бидејќи стравуваат за својот живот, пренесе Телма.

Фото – Ројтерс

Во распитот, како што пренесуваат грчките медиуми Грујевски и Бошкоски ги отфрлиле сите обвиненија против нив и побарале да не бидат екстрадирани, бидејќи доколку бидат вратени во Македонија нивниот живот ќе биде во опасност.

Тие беа уапсени синоќа на аеродромот во Солун, обидувајќи се да излезат од Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Грујевски поседувал пасош на име на Христо Атанасов, а Бошкоски под името Неџби Хасан. Пред истражен судија биле распрашувани и за поседувањето лажни пасоши, за што утре експресно ќе им се суди пред суд во Солун.

Двајцата се во бегство од 18-ти јули. МВР не откриваше детали иако велеше дека води истрага за пронаоѓање на двајцата бегалци за кој СЈО побара, а судот им одреди мерка притвор за случајот на СЈО „Тврдина – Таргет“ во кои се обвинети дека прислушувале и уништувале опрема за прислушување и го оштетиле државниот буџет за 1,4 милиони евра.

Слични содржини