Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис веќе „со едната нога“ е надвор од неговата министерска фотелја, тврди германскиот весник „Ханделсблат“ во текстот под наслов „На повидок е Варуфекзит“.

29_varoufakis_r_w-550x300

Според весникот, смената на Варуфакис би била последица на неговото тврдење дека тајно го снимал текот на средбата на Еврогрупата во Рига минатиот месец.

– Ако Варуфакис, како што тврди во интервјутот за весникот „Њујорк Тајмс“, навистина ја снимил на електронски уред средбата на Еврогрупата во Рига во април, која беше од затворен карактер, тогаш ќе биде тешко да ја задржи сегашната функција, смета „Ханделблат“.

Германскиот венсик оценува дека односите меѓу Варуфакис и неговите европски партнери се и онака „многу лоши“, па ова недозволиво, но и забрането снимање на средбата, само ќе ги влоши работите.

– Во секој случај сето ова не помага за поситгнување договор во преговорите што Атина ги води со кредиторите за деблокирање на финасксита помош за земјата, смета „Ханделспалт“.

Слични содржини