Хеџ фондови ги вадат парите од “Дојче банк”, акциите продолжија да тонат

од Vladimir Zorba

Акциите на германската “Дојче банк” (Deutsche Bank) потонаа во денешното рано тргување, откако се појавија информации дека хеџ фондови пренасочуваат дел од својотбизнис, пренесоа американските медиуми.

zx450y250_2835416

Хартии од вредност на финансиската институција денес се обевреднија 8 отсто, пад за прв пат под прагот од 10 евра за акција.

Американските власти сакаат “Дојче банк” да плати 14 милијарди долари за решавање на правни жалби поднесени против банката заради продажба на гарантирани со хипотеки хартии од вредност во пресрет на финансиската криза од 2008 година.

“Блумберг” соопшти доцна синоќа дека околу 10 хеџ фонда презеле мерки да ги намалат ризиците поврзани со “Дојче банк”, што во позадина се на стравувањата дека таа може да има тешкотии да ја плати казната.
Банката соопшти дека не сака помош од германската влада и продаде дел од својата поделба, за да собере средства.

Исто така во четвртокот пратеници од партијата на Ангела Меркел, цитиранои од “Ројтерс”, најавија дека Германија повеќе нема помага ризичнии банки како оваа.

Несигурноста околу “Дојче банк” се почувствува на берзите во цела Европа, каде банкарските акции потонаа.

Околи 08:11 часот по Гринич (11:45 часот) акциите на “Сосиете женерал” (Societe Generale) загубија 3.94 отсто до 29.60 евра за акција на Париската берза, откако порано потонаа за над 5 отсто .

Во Лондон цитати на “Барклис” (Barclays) се намалија со 3.53 отсто до 161.40 пени по акција.
Италијанската “Уникредит” (Unicredit) загуби 4.81 отсто до 1.94 евра, а шпанската “Сантандер” (Santander) – 4.74 отсто до 3.76 евра.

Акциите на швајцарските финансиски институции исто силно се обевреднија – на Ју-Би-Ес (UBS) со 3.38 отсто до 12.59 швајцарски франци, а на “Кредит Свис” – со 3,25 отсто до 12.19 франци.

Австрискиот министер за финансии Ханс Шелинг коментира за “Ројтерс” дека нема основа за големи стравови во овој случај и истакна дека случајот со “Дојче банк” воопшто не може да се спореди со оној на “Леман брадерс”, која колабира во 2008 година и го шокираше светот.

“Располагаме со сите можни мерки на европско ниво, за да ги стабилизираме финансиските пазари”, додава тој.

Во јули откако станаа познати резултатите од стрес тестовите на банките во еврозоната од “Дојче банк” соопштија дека очигледно треба да скрати уште значителен дел од трошоците, за да влезат повторно во форма.

Слични содржини