Хенри Кисинџер стана академик на Русија

од Vladimir Zorba

Поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер стана академик на Руската академија на науките (РАН) заедно со уште шестмина странски лауреати на Нобеловата награда.

kisindher

Ова го соопшти академик Борис Четверушкин кој  ги обелодени резултатите од гласањето за членови на Академијата. Титулата академик на РАН Хенри Кисинџер добива заради испитување на глобалните проблеми. Тој стана нобеловец во 1973 година, 93-годишниот Кисинџер е еден од иницијаторите на помирување меѓу САД и СССР. Со истата титула се удостоени и Нобеловците Серж Арош и Мартинус Велтман (физика), Роџерс Корнберг, Жан-Пјер Соваж и Дан Шехтман (по хемија) и Кенет Џозеф Ерроу (по економија)

Слични содржини