Хрватот Иван Перишиќ потпиша за Јунајтед

од Vladimir Zorba

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“ постигна договор со Интер според „неро-азурите“ ќе добијат оштета од 45 милиони евра и можност за уште пет од бонуси, објавија италијанските медиуми.

Перишиќ минатата сезона за тимот од Милано постигна 11 голови и забележа 12 асистенции.

Интер како замена за Перишиќ на „Џузепе Меаца“ ќе го донесе Кеита Балде од Лацио. Овој трансфер е проценет на 20 милиони евра.

Слични содржини