Хрватскиот златен стрелец ослободен од војска заради слаб вид

од desk3

Освојувачот  на првиот златен медал за Хрватска на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Јосип Гласновиќ ја израдува неговата нација со тој успех, но исто така го привлече вниманието на уште еден занимлив детал.

josip_glasnovic_ap_main

Гласновиќ од 2015 година е вработен во хрватската војска, а работата ја добил во договор со Хрватскиот олимписки сојуз иако бил ослободен од служењето на воениот рок поради проблеми со видот, јавија хрватские медиуми.

Тој на 17 години го повредил десното око, токму она око кое му го донесе златото на стреланата Деодоро во Рио и добил диоптрија плус1,75.

Гласновиќ освои медал за Хрватска во дисциплината трап, односно гаѓање глинени гулаби.

И на минатогодишните Олимписки игри во Лондон златен медал во истата дисципкина освои исто така, натпреварувачот на Хрватска, Џовани Черногорац, кој како Гласновиќ е вработен во хрватската војска./MИА

Слични содржини