Hurriyet: Советник на лидерот на турската опозициска “Републиканска народна партија” е уапсен поради поврзаност со “Фето”

од Vladimir Zorba

6eec80719af40f8030c5a5951f7a5b88

Висок советник на Кемал Киличдароглу, лидер на турската опозициска “Републиканска народна партија”, бил уапсен рано утринава во врска со тековната истрага на терористичката организација “Фето”, пишува весникот Hurriyet.
Полицијата го уапсила доцентот Фатих Ѓурсу во Анкара и спровела рација во неговиот дом.
Има информации дека Ѓурсу користи ByLock, инстант месинџер за кодирани пораки кој се користи од страна на следбениците на проповедник Фетхуллах Гулен, кој живее во САД.
Уште во септември Ѓурсу беше отпуштен од работа од Истанбулскиот универзитет, во кој работеше како предавач.

Слични содржини