И Бјорк била жртва на сексуални напади на режисер

од Vladimir Zorba

Исландската поп-пејачка Бјорк откри дека била жртва на сексуален напад од режисер, објави францускиот печат.

Пејачката одлучила да го направи ова признание во врска со новооткриениот скандал со американскиот продуцент Харви Вајнстејн, од чие сексуално малтретирање се пожалија над 40 жени, претежно од шоубизнисот.

“Бидејќи јас одбив награда за него, тој ме казнуваше, а пренесуваше на тимот, дека јас сум човекот кој создава проблеми!”, Довери пејачката.

51-годишната Бјорк не го откри името на режисерот, ниту филмот. Таа истакна дека собрала храброст да  ги искаже фактите од минатото, инспирирана од храброста на жените, кои го обвиниле Вејнстејн за непристојните дејствија.

Многумина сметаат дека режисерот, за кој споменува Бјорк е Данецот Ларс фон Трир, а филмот во кој се сликала – “Танчерка во темнината”. Заедничката кинотворба беше наградена со “Златна палма” на филмски фестивал во Кан.

Слични содржини