Имало и трет напаѓач при нападот во музејот “Бардо” во Тунис. Тој успеал да избега, соопшти претседателот на земјата Бежи Есебси. Другите двајца напаѓачи беа убиени во операцијата за ослободување на заложниците. Властите размножија снимка од безбедносните камери во музејот, од кои станува јасно дека барем еден од напаѓачите носел појас со експлозиви.

0279406001388860198_463452_600x458_actualno

Есебси изјави дека пропусти во безбедноста го олесниле смртоносниот напад врз националниот музеј на земјата, за кој одговорноста ја презеде групата “Исламска држава”, пренесе AFP.

“Имаше пропусти”, што значи дека “полицијата и разузнавањето не беа доволно систематизирани, за да ја гарантираат безбедноста во музејот”, рече Есебси во интервју за неделникот Paris Match.

21 лица, од кои 20 странски туристи, загинаа, откако двајца вооружени мажи упаднаа во Националниот музеј Бардо во главниот град Тунис во средата.

Слични содржини