Иницијатива за бесплатно сместување за фановите кои ќе дојдат на Суперкупот

од Vladimir Zorba

Поради огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје и кај некои станоиздавачи поради претстојниот УЕФА Суперкуп, неколку млади луѓе почнаа акција да го обелат образот на Скопје пред фудбалските фанови. Со нивниот проект „Супер куп Скопје“ SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е што поголем број на граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преноќување на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

За да му овозможите сместување на некој од фановите, сѐ што треба да направите е да се логирате на специјалниот веб-сајт и да наведете каков тип на сместување може да понудите. Гостите заинтересирани за сместувањето преку емаил порака директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување, а домаќинот потоа самиот одлучува кој гостин или гости сака бесплатно да ги прими во својот дом.

Слични содржини