Египетскиот огранок на Исламската држава, кој ја презеде одговорноста за соборување на рускиот патнички авион вчера, но и денес објави видео како наводен доказ дека рускиот авион е соборен од нивна страна.

Шпекулациите за причините за несреќата не престануваат. Терористичката група тврди дека е соборен авионот, но не појаснува како точно го направила тоа. Но, и Русија и Египет ја негираат можноста од терористички акт.

20151101.zygirxvqdu

Истовремено се множат разни причини за страшната несреќа. Египетскиот инспектор, кој го проверил авионот на “Когалимавиа” пред полетувањето од Шарм ел Шеик не откри никакви технички неправилности, пренесоа американските медиуми.

Сепак екипажот на А321 уште пред полетувањето од Самара за Египет бил оценет како способен да лет.Министерот за цивилната авијација на Египет Хосам Камал од своја страна рече дека комуникацијата меѓу пилот и раководителите на воздушниот сообраќај била “нормална” во пресрет на катастрофата. “Немаше ништо ненормално … и пилотот не побарал да се промени правецот на авионот”, рече тој.
Различните изјави се контрадикторни со оглед на тоа дека пилотот известил за технички тешкотии и побарал дозвола за слетување на најблискиот аеродром.

Повеќе јаснотии во истрагата се очекува да се добијат по дешифрирањето на записите во “црните кутии”, кои, според официјалните лица, немаат сериозни оштетувања и не биле подложени на термичко влијание.

Слични содржини