Иванов пак не го дава мандатот

од desk3

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и натаму останува на својот став и не му го дава мандатот за формирање на новата влада, на лидерoт на СДСМ, Зоран Заев. Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Иванов од лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, бара гаранции во однос на унитарниот карактер на државата.  Шефот на државата уште еднаш нагласува  дека мандатар не може да биде ниту една партија која е уценета во формирањето на новиот владин кабинет.

“Претседателот Иванов останува на ставот дека т.н. “Тиранска платформа“, ниту кој било друг документ или акт кој не е во согласност со Уставот на Република Македонија, не може да биде услов ниту основа за формирање и функционирање на Владата на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија во однос на давањето на мандатот, ќе постапува во согласност со Уставот и досегашната пракса “. – велат од Кабинетот на Претседателот на Р.М, /АлсатМ

Слични содржини