„Ако има избор, кој е тој избор? Меѓу што ќе избираме, меѓу бојкот и ВМРО-ДПМНЕ?“, беше главното прашање што денеска го поставија демонстрантите од „Шарената револуција“ во Битола.

Еден од водачите на протестот, Илија Балтовски, на присутните им го постави прашањето дали ќе одберат бојкот или ќе го одберат ВМРО-ДПМНЕ, по што сите скандираа „Бојкот, бојкот, бојкот“.

Балтовски, исто така, рече дека причината што денеска помалку полиција ја обезбедуваше општинската зграда е дека таа конечно сфатила дека демонстрантите не се против неа, туку против аболираните криминалци од врхушката на власт.

klasna-borba

Стотици битолчани и денеска маршираа низ градот од плоштадот Магнолија, пред судовите и општината, па заминаа на кружниот тек кај Педагошкиот факултет, каде што градоначалникот Владимир Талески неодамна постави фигура, филџан за добредојде во градот.

Таму, тие го блокираа патот кон Ресен и на сите сообраќajни знаци залепија пари со ликот на градоначалникот, а залепија и налепници на кои пишува „Оставка од двојче“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Класна борба“, „Слобода за демонстрантите од притвор“, „Криминалците в затвор“, „Оставка од Талевски и ВМРО-ДПМНЕ“.META