Белоруските независни медиуми ја обвинија Владата за блокирање на нивни веб страници, на помалку од една недела пред одржувањето на претседателските избори, пренесува Радио  Слободна Европа.

lukashenko_10

Неколку информативни сајтови тврдат дека биле нападнати откако објавувале стории за студенти кои биле принудувани да посетат јавна молитва на која присуствувал претседателот Александар Лукашенко и неговиот 12-годишен син. Повеќето медиуми во Белорусија се под директна или индиректна контрола на Владата, објавува РСЕ.

Изборите ќе се одржат на 11 октомври, а се очекува Лукашенко повторно да биде реизбран. Тој е на власт од 1994 година.

Слични содржини