Извештај на ПИОМ: Пензиите се исплаќале со позајмици од буџетот

од Vladimir Zorba

Расте зависноста на државниот пензиски фонд од Буџетот, и лани дури 41 отсто од приходите во ПИОМ биле трансфери од државната каса – покажува новиот извештај за работата на Фонодот. За редовна исплата на пензии ПИОМ прво се позајмувал па потоа се раздолжувал, пренесува 24 Вести.

piom_5

„Со остварените приходи од придонесите и средствата од Буџетот, како и од останатите приходи, Фондот во 2015 година редовно ја вршеше исплатата на пензиите во утврдениот период, со користење на позајмица од Буџетот на Републиката, која редовно ја враќаше по исплатата не пензиите и акумулирањето на средствата од приходите. -Извештај за работата на ПИОМ за 2015 година.“

Се вели во извештајот во кој не се споменуваат ланските проблеми со доценење на парите што државниот фонд требаше да ги исплати на приватните пензиски фондови. Во извештајот само се посочува..

„Трансферот на средствата за приватни пензиски фондови во 2015 година во вкупните расходи учествуваат со 8,32 отсто. Овие расходи се за 14 отсто повисоки во споредба со 2014 година. Овие средства се надоместуваат од Буџетот на Републиката.“

Се поголемата зависност на фондот од буџетот, а од друга страна растот на трошоците з аисплата на пензии, според дел од економистите е сигнал дека државниот фонд станува неодржлив.

Состојбите во ПИОМ ги нотираше и Светска банка во својот последен извештај.

Во последните години процентот што фондот го добива од државата достигнува некаде околу 46 проценти. Тоа е значителна зависност на пензискиот систем од трансфери од централниот буџет, што на среден и на долг рок секако создава притисоци врз овој систем со оглед на тоа што еден од неговите постулати е тој на генерациска солидарност. Така што не треба да се одзема од идните генерации за бенефит на сегашните. – изјавија од Светска банка.

Со Буџетот за 2017 година, трансферите од државната каса на сметка на ПИОМ ќе достигнат 45 отсто. Вкупните расходи на државниот фонд се приближија до 1 милијарда евра.

Слични содржини