Еве што изјави портпаролот на Дејвид Камерон.

1467016700-gettyimages-516310462-1

Портпаролот на британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека одржувањето на уште еден референдум за членството на земјата во Европската унија не е можен, иако петицијата е потпишана од околу четири милиони Британци, пренесува DW.
Анкетата на граѓаните на Обединетото Кралство покажала “решавачки резултати” и сега владата ќе го насочи вниманието кон разбработувањето на процедури за реализација на волјата на Британците.

Владата на Камерон го потврди создавањето на специјална комисија чија задача ќе биде изработката на варијанти за спроведување на преговорите за одделување на Велика Британија од ЕУ. Додека такви не бидат започнати, Лондон нема да го активира чл. 50 од Лисабонскиот договор, кој предвидува активирање на постапка за напуштање на Заедницата во рок од две години.

Слични содржини